Србите и Македонците и понатаму купуваат жени од Албанија, цените се до 3000 евра, но денес едно нешто е променето

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешен службеник за државна безбедност Божидар Спасиќ, за Србија Данас, изјавил дека Македонците и Србите се оние кои најчесто купуваат невести од Албанија. Тој открива дека цените за купување невеста се движат од 200 до неколку илјади евра.

– Сега е се изменето, најчесто се тргува со девојки од Албанија, но цената денес е променета. -Најчесто овие девојки доаѓаат од Кукуш и други албански места, а цените се од 1000 па до 3000 евра, претходно цените беа поголеми, но сега се намалени бидејќи дојде до презаситеност на тој црн пазар. Албанците во денешно време одат на запад, да се оженат со партнерка поради документи за работа, па така се повеќе родителите на жени од Албанија ги продаваат за помалку пари во Србија или Македонија, вели Спасиќ.

Тој додава дека во ромските семејства, девојките се продаваат од 10 до 12 години.

Службеникот изјавил дека се почесто и македонци и срби не можат да најдат девојка со критериуми како што тие посакуваат, па се одлучуваат да појдат до Албанија и да си најдат девојка.

-Во зима овој вид на “трговија“ е во мирување, но на пролет почнува и време за женидба, додава тој потенцирајќи дека купувачите често знаат да кажат дека купуваат жени од Албанија, бидејќи тие гарантираат.

Инаку за овој бизнис пред две години се известуваше постојано. Тогаш се одеше дури до таму што на социјалната мрежа Фејсбук се отвораа многу профили за брачно посредување.

Ако имате озбилни намери да се жените и да стапите во брак, а времето поминува многу бргу, ние гарантираме дека веднаш ќе го решиме проблемот и ќе ви пронајдеме сопруга најкасно во рок од една недела, посредуваме со гаранција 100 отсто успешност, девојките се над 18 години и со целосно одобрување на нивните родители”, стоеше во описот на еден ваков профил.

Според социологот Илија Ацески кој за Вечер изјави дека на купување на жена од Албанија најчесто се одлучуваат младите ергени кои живеат во село, каде што нема добра инфраструктура, и жителите се иселени.

Извор: Србија Данас