Зорица Брунцлиќ стана баба, се породи нејзината ќерка Злата

ИЗВОРСкопје24
|

Ќерката на пејачката Зорица Брунцлиќ, Злата и нејзиниот избраник Милош станаа родители.

Ќерката на пејачката роди девојче,а како што одлучил парот, ќе го носи името Милица. Среќната мајка се породила во Белград, а неодамна на својот Инстаграм профил напиша:

„Велат дека чувството на движење во стомакот значи желба на бебето да ве прегрне. Никој не не гушка како тебе, а наскоро и ние нема тебе да те испуштаме од прегратка“, порача ќерката на Зорица пред породувањето.

Инаку, Злата Аранѓелковиќ, најмладата ќерка на Зорица Брунцлиќ се омажи во декември минатата година за нејзиниот избраник Милош Вујановиќ кој некогаш учествуваше во „Ѕвездите на Гранд“.

Ќерката на Зорица блескаше во бела венчаница, а својата црвена коса ја носеше пуштена.

Младоженецот, односно пејачот за овој посебен ден се одлучил за црвено одело.

На склопувањето на бракот присуствувале само најблиските, а свадбената прослава ќе се одржи оваа година.