Метеопатски кошмар: Еве какво време не очекува утре и до крајот на неделата

ИЗВОРСкопје24
|

Почнувајки од петок па натака кон подрачјето на Македонија ќе се приближува нова ЦИКЛОНСКА активност што ќе ни ја донесе и новата промена на временската состојба. Значи од петок а особено за време на следниот викенд како и почетокот на следната седмица треба да очекуваме ново наоблачување кое ќе донесе доста променлив и релативно нестабилен период. А тоа значи очекуваме наоблачување а со тоа и нов ВЛАЖЕН БРАН со врнежи од дожд.

Овој пат врнежите би требало судејќи според нашите метео прогнозистички материјали да бидат по распространети ширум земјава, а наместа би можеле да бидат и од пороен карактер со можност да бидат проследени со локална појава на грмежи. Во условите и местата со нестабипност нормално е да очекуваме и засилување на ветерот што е всушност и типично карактеристична појава како за ова наше подневје како и за овој дел од годината кога атмосферата започнува да ни се загрева и сл.

Како и да е редно е синоптичката состојба да ни се смени со оглед на тоа што во добар дел од Македонија владее суша, исто така во овие моменти секоја капка дожд што би паднала е секако добредојдена за нас, со цел да ги изгасне дури и пожарите кои со денови па дури и недели владеат во одредени планински подрачја и региони ширум Македонија. Се на се гледано на глобално ниво спремајте се за променлив и се понестабилен период кој е пред нас. Нови прогнози секако очекувајте во следните наши метео извештаи.

Посебно треба да внимаваат метеопатите, кои овие промени посебно ќе ги почувствуваат. На сите чувствителни или хронично болни лица им се препорачува да бидат внимателни.

Можни се главоболки, вртоглавици, нервоза и омалаксаност.