На „бесен“ мотор: Ирена Спировска ретко имаме прилика да ја видиме во вакво издание (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Водителката Ирена Спировска дефинитивно е жена која води грижа како за својот изглед, така и за својата физичка кондиција.

За неа годините се само бројка, а добриот изглед секогаш во прв план каде и да се појави.

Ирена редовно е активна кога станува збор за физички активности.

Без разлика на временските услови често имаме прилика да ја видиме на планинирање, возење велосипед и сл.

Резултатите од сите овие спортски ангажмани се јасно видливи кај водителката, одлични облини, затеганти нозе и витка линија.

И додека на јавните настани и пред ТВ екраните може да ја видиме во одлични модни комбинации кои и прилегаат на нејзините облини, кога станува збор за некое планинарење или возење велосипед, Спировска секогаш е во соодвтена опрема.

Меѓутоа, деновиве водителката на својот „Инстаграм“ сподели фотографија на која е качена на мотор на планинско место.

За оваа нова авантура таа се пофали на социјалните мрежи, а веднаш под објавата доби и неколку комплименти.

Дали таму пристигнала со моторот или не, не знаеме, но едно е сигурно: Спировска и вака изгледа одлично и е пример за многу млади.

Извор: Вистина.мк