Северина позира со ѕвездите на „Игра на тронови“, а ја покажа и новата фризура (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

И додека медиумите пишуваат за нејзиниот турбулентен период, хрватската пејачка Северина отпатувала за Америка каде, судејќи по фотографиите, добро се забавува.

Северина на своите обожаватели им покажала фотографии од премиерата на последната сезона на серијата „Игра на тронови“ која била во Њујорк.

Со сопругот Игор Којиќ позирала пред салата, а, исто така, успеала да се фотографира и со една од најпопуларните актерки на денешницата, Емилија Кларк.

„Mother of Dragons“, напишала 46-годишната пејачка покрај фотографијата.
Северина за црвениот тепих облекла краток фустан со светки.

Таа направила драстична промена на фризурата. Северина ја скратила косата до раменици, а од своите фанови добила пофални зборови.

Пред само неколку дена, пак, српските медиуми на големо пишуваа дека Северина Којиќ се разведува од сопругот Игор Коијиќ, после три ипол години брак и дека всушност, разводот бил причината поради која српската снаа не се појавила на концертот на нејзиниот свекор Драган Којиќ Ќеба.

„Јована и Жељко Јоксминовиќ биле поканети на слава кај Ќеба. Меѓутоа, кога Северина слушнала за тоа, таа направила хаос. Се заканила дека ќе зборува лошо за водителка пред сите гости и ќе замине во Загреб. Таа всушност била навредена бидејќи Јована во својата емисија на една новинарка и’поставила прашања за тоа каква мајка е Северина. Северина се нашла навредена и никој не можел да докаже дека водителката немала зла намера со прашањето“, открива изворот и додава дека Ќеба испаднал колатерална штета.

Кеба веднаш ја откажал посетата на парот Јоксимовиќ, бидејќи морал да застане на страната на својата снаа. Но, и покрај тоа, Северина не била задоволна. Ги собрала своите работи и се вратила во Загреб. Меѓутоа, ветила дека ќе дојде на концертот, каде што требало и да настапува. На концертот ја чекал и нејзиниот сопруг, а таа дури околу 22 часот му кажала дека не доаѓа.

„Тој беше шокиран, но и Ќеба и организаторите. Покрај повредата на целото семејство, таа се покажа како исклучително непрофесионална. По концертот, еден од роднините на Којиќ дури искоментирал: На Игор еден брак му е како ниеден“, вели вели соговорникот за „Балкан прес“, посочувајќи дека Северина со ова испраќа сигнал до Игор дека нивниот брак е завршен.

Тие и претходно имаа несогласувања, но Северина го почитуваше семејството на Игор. Сепак, сега е речиси сигурно дека е крај.