Стилистот Душан Лазиќ, синоќа во Белград одржа “Master class”, на кој присуствуваа многу дами со кои тој соработува.
На настанот присуствуваа Емина Јховиќ, Анастасија Ражњатовиќ, Марина Тадиќ, но и Цеца која се појави без грам шминка.
Вака изгледа балканската турбо фолк ѕвезда без помош на козметика.
Една од најпознатите српски фолк пејачки Цеца е позната по својот глас, но и витка линија, сепак таа реши своето тело да го доведе до совршенство па се даде на сериозни вежби и тренинг.
Цеца на својот Инстаграм профил објави неколку фотографии во кои таа изведува тешки пози и позиции со што докажа дека е во топ форма.
Таа на фотографиите напиша „прв тренинг“ .