Овој возач на ЈСП Скопје е херој на денот (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Во последниве неколку месеци се навикнавме да служаме негативни работи поврзани со возачите или контролорите на ЈСП, имаше од се по нешто, недолични коментари, непотребно исфрлање на бес врз патниците па дури и употреба на физичка сила.

Постот објавен на социјалните мрежи ги критикува возачите кои се паркирале на постојката и лицето со количка не може да влезе во автобусот.

Ние, иако сме познати по критиките, денеска решиме да го смениме правецот на оваа приказна и наместо да ги критикуваме оние кои погрешно се паркираат (свесни дека 100% го заслужуваат тоа) ние решивме да го истакнеме потегот на возачот кој го паркираше автобусот и излезе да помогне лицето со инвалидска количка да може да влезе во автобусот. Браво!