Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ два дена плаче поради неговата нова песна

ИЗВОРСкопје24
|

Поранешната девојка на српскиот пејач Саша Ковачевиќ непрекинато плаче веќе два дена поради неговата нова песна „Преварена“.

Ковачевиќ пред два дена го промовираше својот нов спот и песна „Преварена“. Новиот спот на Саша беше снимен во Мароко, а според текстот на песната слободно може да се заклучи дека е посветена токму на неговата поранешна девојка Јована.

Според некои српски медиуми, Јована откако ја слушнала песната не престанала да плаче, инаку поранешната на Саша во моментов е бремена.

Но се поставува и прашањето како оваа песна ќе се одрази на неговата врска со Зорана.

Инаку Ковачевиќ денес во арената „Борис Трајковски“ подготвува два ипол часаовен спектакл.

Инаку тој е во многу сериозна врска со бившата мисица Зорана Тасовац, која има ќеркичка од првиот брак.

Но тоа не му пречи на пејачот како што и самиот открива, битно е неговата партнерка да е совршена жена за него и да е неговата најголема поддршка. Тој во една зборуваше за тоа како тој и Зорана ја негуваат својата врска:

„Меѓу мене и Зорана не постојат тајни. Проблемите кои не мачат не ги туркаме под тепих, затоа што веруваме дека најдобар е оној однос кој е изграден врз цврсти темели. Отворено зборуваме за сè, и така ја негуваме нашата љубов. Ние сме свесни дека страста не може да да биде иста како на почетокот на врската, и затоа се обидуваме да најдеме начин да ја вратиме“ – вели Ковачевиќ.