Дејвид Бекам и неговиот најголем син Бруклин присуствуваа на премиерата на новиот серијал од Netflix, „Our Planet“.
На свеченоста во Лондон, славните татко и син се појавија во складни стајлинзи кои вклучуваа црни костуми, бели кошули и црни машни.
За новиот проект на Дејвид Атенборо, својата поддршка ја дадоа и ченови на британското кралско семејство. На филмскиот настан се појавија принцовите Чарлс, Вилијам и Хари.