Жива евровизиска легенда – Можете ли да го препознаете?Еве како денес изгледа Џони Логан – тројниот победник на „Песна на Евровизија“

ИЗВОРСкопје24
|

Пред нас е уште еден Евросонг на кој оваа година ја испраќаме Тамара Тодевска. Во пресрет на натпреварувањето во Израел се потсетивме на најуспешниот учесник во историјата на Евровизија. Иако е роден во Австралија, Џони Логан, на Ирска три пати и донел победа на едно од најпопуларните музички натпреварувања во светот.

Џони Логан победил дури три пати со подеднакво јаки балади. Прв пат се појавил во 1980. година во Хаг каде победил пеејќи ја „What’s Another Year?“. Потоа настапил после седум години и триумфирал со песната „Hold Me Now“, која во 2005. година е избрана за трета најдобра песна во историјата на Евросонг. Два пати соработувал со Линда Мартин, а една нивна соработка на Ирска во 1992. година и ја донела четвртата евровизиска победа со песната „Why Me?“.

Цони Логан е роден во Мелбурн во 1954. година, а во Ирска, со родителите, се преселил на возраст од три години. На 13. години научил да свири гитара и да компонира. Талентираниот уметник во 1979. година првпат покажал интерес за учество на „Евросонг 1979“ кога настапил со песната „Angie“ во ирскиот избор за песна за Евровизија кога го освоил третото место.

„Среќен сум што сеуште пеам било која песна од Евровизија бидејќи тоа се стандарди и тоа според што сум познат“, изјавил порано Логан.

И’ денеска е музички активен. После Евросонгот и понатаму имал успеси, особено во скандинавските земји. Неговиот албум „The Irish Connection“ од 2007. година во Данска и Норвешка постигнал платинест тираж а во Шведска – златен тираж, Во 2002. година учествувал во британскиот телевизиски квиз „Never Mind the Buzzcocks“, а во 2009. година добил улога во рок операта „Ескалибур“.

64. годишниот пејач живее во Ешборн, Ирска, со сопругата Алис Шерард, која е учителка. Имаат три деца – Адам, Џек и Фиона. Џони Логан има и ќерка, Робин, родена во 1988. година од врската со турската танчерка и глумица Бурцин Орхон. Ретко дава интервјуа бидејќи често бил погрешно цитиран.