Британците некогаш владееле со речиси целиот свет, а од сите поседи кои во минатото ги вратиле со убаво или со сила, останеле уште неколку. Еден од нив е и Гибралтар, бисер на југозападот на Стариот континент.
Оваа земја ја населуваат само 30.000 луѓе, ако одите во неа како турист, нема да зажалите. Не само што ќе си играте со мајмуни кои весело скокаат околу туристите, или ќе уживате во евтин шопинг бидејќи Гибралтар нуди “Duty Free” зона, ќе можете да обиколувате и разни дворци, пештери и музеи, вредни за вашето внимание и време.
До тогаш, прочитајте 10 интересни факти за Гибралтар.
1. Официјален јазик на Гибралтар е англиски.
2. На референдумот во 2002-ра година, 98 проценти од жителите изразиле желба Гибралтар да остане под британска власт.
3. Мајмуните кои ги споменавме немојте да ги храните бидејќи за тоа би можеле да добиете казна од 500 фунти. Попатно – чувајте се од нив, бидејќи минатата година по средба со нив, педесетина луѓе побарале лекарска помош.
4. На Гибралтар пред речиси 50 години на пристаништето пристигнале Џон Ленон и Јоко Оно.
4. 12 проценти од населението работи во индустријата за игри на среќа. Поради малите даноци, токму некои од најголемите он-лајн казина и обложувалници своите седишта ги префрлиле на Гибралтар.
6. ОФицијална валута е британската фунта, а работите на министерството за одбрана и министерството за надворешни работи ги врши британската влада.
7. И покрај поврзаноста со Велика Британија, тука, како и во остатокот од Европа, се вози по десната страна од улицата.
8. Гибралтар е веројатно посебен по својот аеродром. Имено, кога авион слетува, се затвора улица, бидејќи пистата минува преку неа. Интересно е дека ваков протокол, до пред неколку години, имал уште еден европски аеродром, тој во Задар.
9. Иако Гибралтар како британски посед влегува во Европската унија, за него не важат правилата за Шенген. затоа некогаш е потребно да се чека со часови на границата за да влезете во земјата, а проблеми прават – шпанските цариници.
10. Денот на државноста го слават на 10-ти септември, кога во воздухот се пуштаат 30.000 балони – по еден за секој жител.