Шефот на кујната во винаријата „Камник“, Никола Мишковски пред неколку дена беше одговорен за трпезата со која премиерот Заев го пречека премиерот на Грција, Ципрас.
(Фото) Стилот на Заев и Ципрас во Скопје: Вратоврската ги раздели
Ципрас лежерен без вратоврска, Заев сериозен, со црвена кравата. И двајцата во добро скроени тегет костуми, закопчани, во бела кошула. Елегантни, денес, во Скопје, за првата историска посета на грчки премиер на Македонија. Моден додаток им беа насмевките и доброто расположение и селфи фотки за долго сеќавање.
Вратоврската и во политиката и во животот ги открива вашиот животен стил и политичка кариера. Зависи каде и кој ви ја врзал вратоврската. Вие, партнерката, на посета или за време на кампања. Ве одава што (не) сте или што сакате да бидете. Крие финеси во јазолот, бојата и во материјалот.