Фосил на кит со четири нозе, стар дури 43 милиони години, е пронајден во Перу, објавија светските медиуми.
Палеонтолозите веруваат дека овие морски цицачи, долги околу четири метри, биле адаптирани за живот и во вода и на копно.
Поради четирите екстремитети и способноста вешто да ја контролира својата тежина и силната опашка, научниците го споредуваат древниот кит со видра или дабар.
https://twitter.com/RBINSmuseum/status/1114147134268424193?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1114147134268424193&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fzanimlivosti%2F%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b0%25d1%2598%25d0%25b4%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d1%2584%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bb-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25ba%25d0%25b8%25d1%2582-%25d1%2581%25d0%25be-4-%25d0%25bd%25d0%25be%25d0%25b7%25d0%25b5-%25d1%2581%25d1%2582%25d0%25b0%25d1%2580-43-%25d0%25bc%25d0%25b8%2F
Истражувачите веруваат дека ова откритие може да ја расветли еволуцијата на китовите и да објасни како тие ги достигнале денешните димензии.
„Ова е најсочуваниот примерок од четириножен кит кој некогаш бил пронајден“, вели Оливие Ламбер, научник од Кралскиот белгиски институт за природни науки.
This whale got legs! Meet Peregocetus pacificus, 43 million yr old, over 3 m long, the oldest known #whale from the Pacific Ocean. It probably used its hindlegs and tail together to swim, like modern-day otters. https://t.co/x1zNFcx3I7 #FossilFriday #evolution art: A. Gennari pic.twitter.com/Es55TUnjs4
— Current Biology (@CurrentBiology) April 5, 2019
Древниот кит бил пронајден во морски седименти во близина на брегот на Пацификот, во месноста Плаја Медиа Луна, пренесува српски „Телеграф“.
Се верува дека првите китови кои еволуирале пред околу 50 милиони години живееле во Јужна Азија. Бидејќи нивните тела станале подобро прилагодени за животот во вода, тие мигрирале кон северна Африка и северна Америка, каде што исто така се пронајдени фосили.