16 000 евра за 60 дена во кревет: НАСА бара волонтери

ИЗВОРСкопје24
|

На прв поглед делува како совршена работа за сите оние кои сакаат да поминуваат време лежејќи во кревет. Но, дали е тоа навистина така?

За да се спровде експериментот за вештачка гравитација, НАСА бара волонтери кои ќе се обидат да одговорат на прашањето како бестежинската состојба влијае на човечкото тело. За ова тие се подготвени да платат 16 150 евра.

Експериментот е доста тежок, истакнуваат во американската вселенска агенција. Тој ќе трае 89 дена, од кои 60 дена испитаниците ќе ги поминат во кревет, а позицијата на главата ќе им биде спушена за 6 степени во однос на нозете. Во текот на тој период, сите дневни активности учесниците (вклучувајќи туширање и одење во веце) ќе треба да ги извршуваат во лежечка положба.

Меѓу другото, испитаницте ќе треба секој ден по 30 минути да поминуваат во “човечката центрифуга”, уред кој ќе симулира вештачка гравитација. Експертите на НАСА цело време ќе водат сметка за здравјето на волонтерите, а тоа ќе вклучува и грижа за дневното внесување на сите потребни хранливи материи како никој од учесниците не би изгубил тежина.

НАСА моментално бара здрави женски волонтери на возраст помеѓу 24 и 55 години. Експериментот треба да започне во септември во Германскиот воздухопловен центар во Келн.