Славчо Попоски: КРАЈ НА ДОЛГАТА СУША, сумирано количество на воден талог кое ќе го донесе КРИСТИЈАН, на планините ќе паѓа и снег

ИЗВОРСкопје24
|

Полека но сигурно за неколку часа доаѓа крај на сушата во нашата држава и тоа благодарениое на циклонот КРИСТИЈАН, сето ова најмногу ќе ги израдува земјоделците кој што и тоа како го чекаат дождот. Во текот на денов времето во државава ќе биде променливо облачно со сончеви период додека веќе во попладневните часови и тоа особено во западната половина од државава ќе има локални врнежи од дожд а има услови и за локална појава на грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи во интервалот од 15 до 22 степени.

Веќе во текот на ноќна кон понеделник циклонот КРИСТИЈАН ќе станува се посилен за веќе во понеделник врнежите значително да се интензивираат и да се прошират насекаде, врнежите ќе продолжат и во текот на новата недела која што ни претстои со што локално ќе наврне значително количество на воден талог (над 40 л/м2). Локално ќе има услови и за развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер додека на високите планини ќе има врнежи од снег каде се очекува да дојде до формира на снежна покривка а температурите ќе бележат тенденција на опаѓање и најсвежо ќе биде во понеделник кога максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Од вторник па натака температурите ќе бележат тенденција на пораст но и понатаму како што веќе најавивме останува циклонот КРИСТИЈАН и ќе условува почести врнежи.

Во продолжение погледнете го сумираното количество на воден талог низ државава кое ќе го донесе циклонот КРИСТИЈАН, очекувано количество на врнежи до 11.04.2019:

Подготви: Славчо Попоски за 1тв