Таа и помогна во најтешките моменти: Весна Бејби со емотивна порака се прости од Беличанец

ИЗВОРСкопје24
|

Весна Петрушевска или Весна Бејби е во шок и тага откако ја слушна веста за нејзината колешка и пријателка, Билјана Беличанец Алексиќ.

– Почивај во мир драга моја Беличанец, напиша таа.

https://www.facebook.com/bejbimama/posts/10219114733637994:0

Инаку, Беличанец и помогна на Бејби кога и се запали куќата во Кисела Вода.

Весна Бејби, за Женски магазин изјави дека за трагичната с*рт на Беличанец слушнала утрово и сѐ уште не може да верува. Во неколку наврати, Петрушевска има спомнато дека Беличанец како тогашен градоначалник на Општина Кисела вода, многу му помогнала на нејзиното семејство, по пожарот кој ја зафати куќата на родителите на Весна, во октомври 2013 година.

„Кревка, навидум тивка, а многу бунтовна. Суптилна и грижлива. Духовита и прецизна. Голема загуба, некои нешта секогаш ги носиме длабоко во себе и ги негуваме тајните.Мирно небо Бибс, ќе ми недостасува твоето говорење на сцена…Штета!“, изјави Весна за својата колешка.

Во едно интервју за македонските медиуми Беличанец велеше „Сѐ уште сум си најверната пријателка“, таа беше најмладиот дипломиран актер на Факултетот за драмски уметности. Брзаше, прескокнуваше одделенија во основно и во средно училиште, секаде иташе да стигне прва, и дипломирраше на неполни 20 години. Посакуваше голема филмска улога и велеше дека ќе биде трпелива, макар и тоа да се случи на крајот на нејзината кариера.

Лес­но е да из­ле­зеш на крај со емо­ци­и­те, ако „лич­на­та кар­та“ на ли­ко­ви­те е јас­но раз­ра­бо­те­на и де­фи­ни­ра­на уште во са­ми­от про­цес на гра­де­ње. Са­мо во та­ков слу­чај би мо­же­ло да се из­бег­не са­мо­по­вто­ру­ва­ње­то или пре­поз­на­ва­ње­то на еден лик во друг. Се­ка­ко, ка­ко што се­ко­ја прет­ста­ва се раз­ли­ку­ва ед­на од дру­га, по­ра­ди мно­гу сег­мен­ти, та­ка би тре­ба­ло да се дво­јат и са­ми­те ли­ко­ви. Се­ка­ко е по­треб­на и из­вес­на до­за на моќ и на уме­е­ње на транс­фор­ма­ци­ја. Но, кол­ку и да са­ка­ме да по­бег­не­ме од се­бе, не е воз­мож­но. Не­ка­де ќе се на­ѕир­не ја­дро­то, па ќе ме на­се­ти­те са­ма­та ме­не, велеше Алексиќ во интервју објавено во 2013 година.