Сите занемеле кога ја виделе најубавата жена на светот без грам шминка

ИЗВОРСкопје24
|

За многумина таа една од најубавите актерки, но и жени на светот, Кејт Бекинсејл, сега објавила фотографија без грам шминка.

45-годишната актерка ги воодушевила своите обожаватели, кога на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која нема шминка.

Кејт изгледа совршено и свежо, па обожавателите не престануваат да ја прашуваат која е тајната на нејзиниот младолик изглед.

Актерката од неодамна е во врска со 20 години помладиот комичар Пит Дејвидсон, па многумина коментирале дека актерката изгледа волку убаво поради новата љубов.

Инаку, Кејт се разведе од режисерот Лен Вајсмен во 2016-та година, после 12 години брак.

Бекинсејл има 19-годишна ќерка, Лиса, исто така од поранешен сопруг, актерот Мајкл Шин, од кого се развела во 2003-та година.