Ријана и со вишок килограми покажа колку е згодна

ИЗВОРСкопје24
|

Ријана својата нова колекција ја прилагодила за жени со различни конфекциски броеви, а проговорила и за својот впечатлив моден стил.

Пејачката од Барбадос последнава година накачила повеќе од 15 килограми, но тоа не ја спречува и натаму да објавува провокативни фотографии со малку облека на себе. Напротив, откако се пополнила, Ријана посебно зрачи со самодоверба и сексапил.

Своите бујни атрибути пејачката гордо ги покажала во реклама за сопствената линија на долна облека “Fenty Beauty”. Свесна е дека самата е најдобар модел, па со провокативен едиторијал го претставила својот проѕирен комплет во жолта боја, кој е во продажба од 1-ви април, и не се грижела за вишокот килограми.

Ријана најави нов албум во текот на оваа година

Ријана конечно подготвува нов албум кој ќе биде објавен во 2019 година.

Поп-ѕвездата ја објави веста доста спонтано. На пост во нејзиниот „Инстаграм“ профил, обожавател на пејачка праша кога ќе видиме нов албум, на што популарната Ри Ри изненадувачки одговори: „2019“.

Ѕвездата на светската музика не издала албум од 2016 година, кога го издаде „Анти“. Потоа, Ријана се вклучи во други деловни потфати и оствари огромен успех со нејзината козметика „Фенти бјути“ и нејзината долна облека „Севиџ x Фенти“.

Во однос на тоа како ќе звучат новите песни, во мај пред „Вог“ таа спомена дека сака да направи реге албум. Сепак, ќе мора да почекаме уште неколку месеци за да дознаеме со сигурност.