(Видео)ПОГЛЕДНЕТЕ: Последното интервју на Билјана Беличанец

ИЗВОРСкопје24
|

Актерката Билјана Беличанец своето последно интервју за јавноста го даде во 2017 година, за Телевизија Нова.

Нејзиното последно интервју:

Не треба да плачеме кога човекот умира: Како зборуваше Билјана Беличанец за животот

Новинарката, автор и активистка Ана Јовковска објави дел од нејзиното интервју со починатата актерка Билјана Беличанец, кое е направено во 2010 година, во емисијата „Пулс“ на ТВ Алфа.

„ Откако станав мајка инстинктот ми вели дека немам време за падови и за долготрајни екскурзии на дното. Прво нешто што не учеа на ФДУ е како да ги меморираме лошите работи, лошите емоции, тагата, болката, да ги запамтиме и некаде длабоко во нашето чекмеџе да ги складираме, за кога работиш некоја улога просто да си го отвориш чекмеџето и да си ги повикаш тие емоции. Затоа можеби неколкупати на несреќата и на тагата свесно сум им фрлала ракавици, или на онаа црна и темна страна на карактерот која сите ја имаме, иако некои се обидуваат да стават розови очила за да имаат поубав поглед“, одговорила актерката на прашањето: Кога последен пат почувствувавте дека духовно паднавте.

Ана Јовковска се присети на интервјуто со Беличанец од 2010 година

Јовковска во еден дел од интервјуто ја прашува: „Ве плаши ли крајот? Ве плаши ли смртта?“
„Не.Факултетот по глума многу ми помогна да се запознаам себе си. Моето верување е дека не треба да плачеме кога човекот умира, ами треба да го исплачеме кога ќе се роди“.

Ти не умре Бибе, ти само се лизна: Венко Андоновски напиша песна за Беличанец

Писателот,поет и есеист Венко Андоновски напиша емотивни стихови со посвета на актерката Билјана Беличанец, која сношти се самоуби во својот дом во Скопје. Во нив, тој вели дека Билјана не умрела, туку само се лизнала. “Камена,а стаклена и дребна, ја нарече Беличанец Андоновски во песната.