“Таа не е совршена, но не си ни ти!”: Боб Марли на најдобар начин опишал како треба да сакате една жена

ИЗВОРСкопје24
|

Познатиот текстописец и пејач Боб Марли инспирирал многумина со своите цитати за жените и љубовта, а на совршен начин опишал како треба да се сака една жена.

Тој е еден од ретките реге ѕвезди кои постигнале статус на светска суперѕвезда, а неговите зборови и до ден-денес се раскажуваат.

“Можеби нема да бидеш нејзиниот прв маж, ни последен или единствен. Сакала пред тебе и можеби ќе сака и по тебе. Но, ако сега те сака зарем е важно нешто друго? Таа не е совршена, но не си ни ти. Вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако таа те смее, те тера два пати да се замислиш, признава дека е човечко суштество и дека греши, држи се до неа и дај ѝ најмногу што можеш да ѝ дадеш”, велел Марли.

“Можеби нема да мисли на тебе секоја секунда во текот на денот, но ќе ти даде дел од себе за кој знае дека можеш да го скршиш – нејзиното срце. Затоа немој да ја повредиш, немој да ја менуваш, немој да ја анализираш и не очекувај повеќе од она што таа може да ти го даде. Смеј се кога те прави среќен, дај ѝ до знаење кога те излудува и нека ти недостига кога не е во твоја близина”, гласат неговите зборови.

Боб Марли бил роден во малото село Најн Мајл во Јамајка како Неста Роберт Марли. Подоцна некој службеник во Одделението за пасоши по грешка го заменил неговото средно име. Неговиот татко, Норвал Синклер Марли бил Јамајканец со англиско потекло, чие семејство потекнува од Есекс, Англија.