Познато кога ќе бидат отпечатени првите банкноти со новото име на државата

ИЗВОРСкопје24
|

Од почетокот на 2020 година на банкнотите од по 500 денари ќе биде напишано новото име на Народна банка, а во втората половина на следната година ќе бидеат заменети хартиените 10-денарки со официјалниот назив.

Од Народната банка велат дека пуштањето во оптек нема да создаде дополнителен трошок и ќе се прави на редовна основа, но изаради долговечноста на парите кои веќе се пуштени во оптек и макроекономската стабилност.

„Ако постапките за јавни набавки завршат во предвидениот рок, се очекува дека парите од хартија во вредност од 500 денари со новото име на институцијата ќе се пуштат во промет до почетокот на 2020 година, додека книжни пари обработени од страна на полимер во износ од 10 денари ќе бидат објавени во вториот квартал на 2020 година “, велат од Народната банка.

Македонија потпиша Договор: Ќе се укинува роамингот

Македонија попиша договор за целосно укинување на роамингот со Србија, Црна Гора, Албанија и БиХ. Доворот го потпишаа министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и ресорните министри од Западниот Балкан во рамките на вториот дигитален Самит во Белград.

-Согласно договорот, намалувањето на цените ќе почне од ова лето, а целосно ќе биде укинат кон средината на 2021 година. Како што кажа еврокомесарката Марија Габриел, овој договор беше предуслов за отпочнување на постапката за укинување на роамингот кон ЕУ. Откако целосно ќе се укине роамингот меѓу земјите од Западен Балкан, тоа ќе се случи и со земјите од ЕУ, што значи дека регионот дигитално ќе се интегрира во Европа многу побргу отколку политички, изјави министерот Манчевски.

Договорено е идната недела посебно Регулаторно тело да одржи состанок за да ги утврди намалените цени од јули годинава, прво на интернетот, а потоа на разговорите и постепено да ги намалува цените се до потполното укинување во 2021 година.

Како што изјави министерот Манчевски, следниот месец Македонија и Србија ќе го потпишат Договорот за признавање на електронските документи и дигиталните сертификати.

-Ова е од огромно значење за граѓаните и пред се за фирмите, поради тоа што многу полесно ќе се комуницира и ќе се отвори вратата за заедничкиот проект кој веќе го најавија српскиот претседател и премиерот Зоран Заев, а тоа се оне стоп царинските премини помеѓу двете земји, изјави Манчевски.

На Самитот водени се разговори и за воспоставувањето на регионален тренинг центар за сајбер секјурити чие седиште треба да биде во Скопје, што ќе биде финализирано на следниот самит во Тирана.

Вториот дигитален самит во Белград го отвори српската премиерка Ана Брнабиќ, а на него учествува и еврокомесарката за дигитална економија и општество Марија Габриел и генералниот секретар на Меѓународната унија за телекомуникации Хоулин Ѓао.

На дводневниот самит учествуваат 3.000 претставници од ИТ индустријата и стопанството од 30 економии од Западниот Балкан, Европа и светот, меѓу кои повеќе експерти од Северна Македонија.

Во рамките на Самитот, на кој се предвидени 200 говорници, ИТ компаниите во регионот имаат можност да се престават, да разменат идеи и да дадат предлози за унапредување на ИКТ секторот во овој дел од Европа.