1 пакување готови кори
6 јаболка излупени и изрендани
200 г маргарин /путер, растопен
100 г мелени ореви
4 лажици шеќер, ако сакате може и повеќе
4 лажици презла или гриз
1 лажица цимет
суво грозје по желба
700 г шеќер
1 литар вода
½ лимон
Извадете ги корите од фрижидер, најмалку 3 часа пред приготвувањето.
Путерот растопете го. Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па ставете ги во тавче и динстајте ги неколку минути. Додадете цимет и шеќер, па динстајте додека јаболката да ја сменат својата боја и да омекнат.
Потоа процедете ги, па додадете ореви, презла и ако сакате суво грозје. Промешајте.
Земете правоаголна тепсија, наредете 4-5 кори една врз друга и премачкајте ги со путер. Потоа наросете од смесата и свиткајте како ролат.
Ролатот пресечете го на помали парчиња и редете во тепсијата, па потоа премачкајте со растопен путер или маргарин.
Загрејте ја рерната на 200 степени, па ставете на печење околу 15 минути, а потоа намалете на 150 степени и печете уште околу 15 минути или додека штрудлата да почне да се одвојува од тепсијата.
Пред тоа ставете шеќер и вода на оган да зоврие. Внимавајте шербетот да не ви се превари зошто ако тој ви е добар, тогаш и штрудлата ќе биде добра. Јас го ставам лимонот само 1-2 минути и потоа го вадам. Земам лажица па пробувам: ако сирупот полека тече од лажицата, тогаш е готов.
Јас штрудлата ја преливам со врел шербет, односно кога ја вадам веднаш од рерна ја преливам со топол шербет. Овој рецепт ми е останат од мајка ми.
Се остава на собна температура, преку ноќ а се послужува следниот ден.