„На мојата мајка…“ Тони Михајловски за првпат и со добар повод ја покажа мајка си (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Нашиот познат актер Тони Михајловски кога има повод не се штеди на социјалните мрежи да открие по некој детаљ од приватноста и неговите најсакани.

Овој пат, на својот профил за првпат ја покажа мајка си, а причината беше денот на мајките – Благовец, наедно и нејзиниот именден.

Тоа е ден на мајката која дала нов живот. Тогаш децата и благодарат на мајката, ја гушкаат и и даваат дарови во знак на љубов, почит и внимание. Тони не пропушти да ја посети својата мајка Благородна на нејзиниот ден, а моментот да го овековечи и објави јавно.

„На мојата мајка Благородна именден. Нека ти е вечно името Мајко“ – напиша во описот на фотографијата.

Објавата предизвика доста внимание кај пријателите и следебниците на актерот, а многумина на мама Благородна и посакаа вечно име и долг живот.

Михајловски е роден во Куманово на 1 јули 1967 година. Тој по завршувањето на Факултет за драмски уметности во Скопје, станува член на Драмата при Македонскиот народен театар во 1994 година. Во 2010 тој стана добитник на наградата за најдобар актер на петтиот меѓународен театарски фестивал „ЈоакимИнтерФест“ во Крагуевац, Србија. Има играно и во голем број на македонски и балкански филмови.