Разнишана шемата за германски документи: Мажи од Косово и од Турција се женат со Чехињи, плаќаат и по 10.000 евра

ИЗВОРСкопје24
|

Во Чешка во извештајот за минатата година забележани се помасовните лажни бракови кога Чехињи за сума од 1.000 до 10.000 евра се мажат за мажи од Косово или Турција за да им обезбедат престој во Германија или да средат германските власти да ја стопираат нивната депортација.

„Секако дека тоа се луѓе кои имаат официјална одлука за депортација но со бракот го легализираат својот престој. Понуда добив од чешки посредник кој бара девојки. Во евра добив петцифрена сума, изјави за чешки дневник малад Чехиња која минатата година се „омажила“ во Франкфурт.

Чешката полициај последниве години ја прошири проверката на браквоите во земјната, каде годишно се откриваат меѓу 70 и 150 такви лажни бракови склопени за странец да добие одобрување за престој, но како што предупреди Централата за борба против организираниот криминал, бизнисот со лажни бракови се пресели и цвета во старите членки на Европската Унија.

Нов тренд е склопување на лажни бракови во другите земји на ЕУ. Група криминалци договара наменски бракови пред се за турски државјани. Не е лесно да се докаже овој вид на кривично дело, затоа што жените во странство не ги носат со сила, туку спротивно, за тие „брачни услуги“, добиваат одредена сума на пари. Често тие жени остануваат на територијата на тие држави на ЕУ, каде работат или се проститутки во еротските клубови“, предупреди Централата во извештајот за 2018 година.

До сега најголемата мрежа на измами со лажни бракови на Чехињи со илегални имигранти чешката полиција во соработка со германските колеги ја откри минатата година кога уапсија четири Чехињи и граѓанин на Косово кој според сознанијата на германската истрага можел да организира дури стотици бракови за своите сонародници за да добијат престој во Германија.

Чехињите кои на овој начин заработуваат од 1.000 до 10.000 евра не им се закануваат никакви казни, зошто според чешките закони таквата измама е кривично дело само доколку ја извршат во Чешка.