Нова кавга во семејството: Мајката на Филип Живојиновиќ е лута на Лепа Брена поради внукот

|

Пејачката Александра Пријовиќ се породи пред еден месец и на свет го донесе синот Александар.

Како што пренесуваат српските медиуми наводно во семејството започнале првите недоразбирања и тоа меѓу мајката на Филип, Зорица Накиќ и Лепа Брена.

Како што пренесува „Стар“, мајката на Филип иако живее во Мадрид, периодов живее во домот на Александра каде што заедно со нејзината мајка и помогаат околку бебето.

Наводно, мајката на Филип, Зорица му кажала на Живојиновиќ и на Пријовиќ да не ја викаат Брена баба бидејќи тоа и пречи.

Што понатаму се случувало може да прочитате во новиот број на „стар“.

Александра Пријовиќ изминатиот викедн заедно со саканиот сопруг Филип, се прошета покрај езеро, каде уживаше во сончевиот априлски ден.

Александра објави фотографија која е снимена на езерото популарно наречено Ада Циганлија, каде се шеташе со сопругот.

-Последните 10 месеци засекогаш ќе ги паметиме… поминавме низ најубавите моменти во нашите животи… уживаме во одморот кој трае уште неколку дена, а тогаш следи враќањето на работа! Песните се подготвени и очекувајте многу убави изненадувања. Се дружиме од јули со нова енергија и многу љубов! Ве сака Александра- напиша пејачката.