Плажа на која е опасно да направите селфи

ИЗВОРСкопје24
|

Управата на аеродромот на островот Пукет на Тајланд бара да се затвори дел од популарна плажа на островот од безбедносни причини.

Наводно, туристите им пречат на пилотите кои полетуваат и слетуваат на блискиот аеродром во јужниот дел на островот Пукет.

Спорната плажа е многу популарна меѓу туристите кои често се фотографираат со авионите што полетуваат и слетуваат во позадина.

Управата на аеродромот бара затворање на дел од плажата поради ризик од несреќи и тврди дека фотографирањето на авионите може да биде опасно и да им пречи на пилотите на ист начин како и дроновите и ласерите.

Надлежните служби за локалните медиуми рекоа дека максималната казна за попречување на работата на пилотите во Тајланд е смртна казна. Иако се издадени предупредувања, туристите продолжуваат да прават селфиња од плажата со авионите во позадина.

Се очекува одговор од локалната власт по барањето на аеродромската управа.