Времето овие денови во Македонија е невообичаено за овој период од годината иако сите очекуваа да затопли и сонцето да биде на наша страна, сепак тоа не се случи.
Веќе помина една недела од месец април, но според временската прогноза април дефинитивно не е на наша страна.
Дождот се повеќе ќе биде присутен месецов, а помалку сонцето.
Деталната прогноза за Велигден вели дека не очекува дожд и сонце, погледнете.
Променливото облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд се очекува да се задржи и во следните денови. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, проследени со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура во текот на неделата ќе се движи од 2 до 10 степени, а максималната од 11 до 24 степени. Најтопло ќе биде во четврток кога дневната температура ќе го достигне 24-тиот степен.