Пред неколку дена Александра Заева, ќерката на премиерот Зоран Заев, на социјалните мрежи објави дека годинава е матурантка и постави фотографија од матурското табло. Јавноста со позитивни конетари и честитки и посакуваа среќа во изборот на својата професија понатаму, а сега таа откри и каде ќе го продолжи своето образование.
Александра моментално е четврта година и го завршува образованието во средното училиште „Јане Сандански” во Струмица, а за понатаму таа се одлучи токму за медицината, како професија која е благородна, но и професија која бара многу посветеност и жртви.
Околу нејзината одлука да студира медицина, нејзини блиски за „Фокус” раскажаа дека воопшто не се изненадени. Уште како мала, била доста сочувствителна, секогаш сакала да помага, па така нејзиниот избор околу животната професија бил нешто сосема очекувано за семејството.
Да се биде доктор е една од најблагородните, но истовремено и најтешките професии. Најчесто за оние кои се одлучиле животна професија да им биде медицината, се вели дека на некој начин избрале секој ден да сретнуваат несреќни луѓе, во потрага по лекот за својата болка. Сепак, секој доктор се согласува дека чувството кога ќе му се помогне на пациентот и успешно ќе биде излекуван е непроценливо.
Во име на хуманоста, неодамна таа се појави на модната ревија „Убави сме, свои сме” во Струмица како придружба на малите модели, со цел да се испрати пораката дека нема место за предрасуди и како на лицата со посебни потреби треба да им се подаде рака. Скромна по природа, и покрај тоа што јавноста се интересира за секој нејзин чекор, таа не сака да се експонира. Таа е прво дете на премиерот и неговата сопруга Зорица, а тие го имаат и помалиот син Душко.
Извор: Фокус