Неделава постојано ќе врне – За ова полицијата ќе ви напише голема казна

ИЗВОРСкопје24
|

Деновиве има врнежи од дожд низ Македонија, па затоа особено треба да се внимава да не испрскате некој пешак со возилото.

За да бидат казнети несовесните возачите мора да бидат фатени во моментот кога го извршуваат делото, или пак казнувањето е можно ако возачот го запре возилото или, пак, полицаец да биде сведок на настанот.

Сообраќајниот полицаец мора на самото место да го констатира тој прекршок, а доколку нема полицаец во близина, следна опција е да се јавите на 192, но да го задржите возачот и тој да признае што направил.

Казната е 35 евра во денарска противвредност, како и 15 негативни поени.

Инаку, во утринските и претпладневните часови на повеќе места ќе има пообилни врнежи (локално над 20 л/м2). Во источните делови ќе има и појава на грмежи.

Утре времето ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со локални врнежи од дожд проследени со грмежи и засилен ветер, особено во источните делови. Повеќе сончеви периоди ќе има во западните делови.

Во четврток ќе настапи преодно стабилизирање, а потоа следува период во кој ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време со локални врнежи од дожд, повремено поинтензивни и претежно во попладневните часови.