Јелена Карлеша се труди да ја покаже својата посилна страна, па со сериозните коментари и критики кон натпреварувачите на Звездите на Гранд покажува дека е вистински професионалец, и покрај тешката загуба за нејзината мајката Дивна Карлеуша.
Во емисија која е снимена, а ќе се емитува, Јелена една песна толку многу ја погоди, што пушти и солзи, пренесуваат српските медиуми. Имено, една од кандидатите ја пееше песната “Песна на мајки”, која во оригинална изведба е на Ханка Палдум, а Карлеуша не можеше да ги задржи солзите, бидејќи таа остана без мајка, на 3 март оваа година, па оваа рана е доста свежа.
Според пишувањето на медиумите, Јелена “не можела да ги потисне емоциите, па не ги задржала солзите, туку се свртела и се исплакала”, но веднаш се собрала.
Откако пејачката дозна дека останала без својата најголема поддршка во животот потполно се скрши, а нејзините блиски се загрижени за нејзиното здравје.
Нејзиниот сопруг Душко Тошиќ не се двоеше во најтешките моменти од неа, додека нивните две ќерки Атина и Ника беа далеку од очите на јавноста.
Имено кога пејачката дознала за трагичната вест Карлеуша ги испратила своите ќерки кај сестрата на Душко во Зрењанин.
Сестрата на фудбалерот, Катарина Проданов е во одлични односи со снаата Карлеуша, тие често летуваат заедно и често таа е гостинка во домот на пејачката на Дедиње, па не е ни чудно што таа ги заштитила внуките во тешките моменти за Карлеуша.