Mесната заедница Галичник на својата Фејсбук страница информира за чистењето на патиштата по наврнатиот снег во Маврово и проблемите кои настануваат, при што вчера соопштија за кражба на 200 литри гориво од булдужерот.
Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање, a сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен системот за довод на гориво на булдожерот.
Случајот е пријавен во Полициската станица Маврово и направени се увид и записник за настанатата штета.
Денес е пробиен Царевец. Атрактивно за фотографирање :)А сношти, ноќеска, беа украдени 200 литри дизел и беше оштетен…
Gepostet von МЗ Галичник / MZ Galichnik am Dienstag, 9. April 2019
Се расчистува снегот на патот Маврово – Галичник
Екипите на ЈП Македонијапат работат на расчистување на снежните наноси и целосно оспособување за сообраќај на патниот правец Маврово – Галичник.
Работите ќе траат во наредните два до три дена до целосно расчистување, информира АМСМ.