„Тамара Тодевска денес е среќно мажена, а некогаш се забавуваше со овој пејач“: Eве што осамна во регионалните медиуми за пејачката

ИЗВОРСкопје24
|

Тамара Тодевска денес важи за едeн од најдобрите вокали во Македонија.

Оваа година на Евровизија ќе не претставува со песната „Proud“ која доби многу позитивни коментари.

Тодевска периодов е актуелна во медиумите и често може да прочитаме вести околу нејзините подготовки за Евровизија, но и за нејзиниот приватен живот.

Меѓутоа, деновиве во регионалните медиуми се појави вест за нашата пејачка. Еве што пишува еден портал за Тамара:

Позната како сестра на Тијана Дапчевиќ, талентираната Тамара Тодевкса стана позната надвор од границите на Македонија благодарение на фестивалските настапи во Црна Гора, пишуваат српските медиуми.

Таа паралено градеше кариера како во Македонија така и во Србија со поддршка од нејзинта сестра.

Бидејќи поради професионални ангажмани била често во Србија, спонтано и се случила љубов.

Имено, Тодевска започнала љубовна романса со пејачот Никола Буровац со кого ја сними и песната „Маслине и вино“, пишува „плусинфо“ за нашата претставничка на Евровизија.

Меѓутоа, оваа врска набргу прекинала, а Тамара се вратила во Македонија и се насочила во друг музички правец.

Тамара денес е во брак со поранешниот кошаркар Александар Димитриeвски со кого има две деца додека Никола е оженет со Милина Вучиќ и имаат син.