Мамо, наскоро ќе ти дојдам, ќе бидеме заедно: Плачот на Карлеуша ги заледил сите од страв

ИЗВОРСкопје24
|

Јелена Карлеуша ја загуби мајка си, Дивна Карлеуша, минатиот месец, па сега се врати на снимање на Ѕвездите на Гранд, каде е дел од жирито, како би закрепнала од загубата и би ги тргнала мислите.

Меѓутоа, иако се чини дека се поврати по загубата на мајка и, па снимањето минатата недела наводно е прекинато поради нервниот слом на Јелена, кој го доживеала во студиото.

Наводно пејачката, без никава причина, станала и тргнала кон излезот кога Саша Поповиќ почнал да се шегува со сите членови на жирито со громогласна смеа во студиото.

„Никому не му беше јасно зошто ЈК така реагираше и што се случило, но Поповиќ трчајќи излета од сцената и се упати кај неа. Тогаш се слушнаа стравичните зборови кои Јелена ги изговараше плачејќи. Нејзиното плачење траеше повеќе од 10 минути, додека низ солзи ја довикуваше мајка и. Неброено пати повтори: Мамичке врати се, не можам да живеам без тебе. Мамо извини за се, наскоро ќе ти дојдам, повторно ќе бидеме заедно! Нејзината таква состојба го расплака целото студио и сите скаменети гледаа што се случува. Не се сеќавам дека сум чул некого така болно да плаче“ – рекол извор од студиото, и додал дека Поповиќ на сите начини се обидувал да ја смири, но таа била скршена.

После некое време им се придружила и Марија Шерифовиќ, но тогаш Јелена почнала уште повеќе да плаче.

„Ги бркаше од себе и зборуваше: Пуштете ме сите, сакам да одам кај мајка ми, не сакам веќе да живеам, не сакам да бидам овде. Ќе ми пукне срцето од болка. Сепак кога Марија и рече да се смири и веднаш да излезе на сцена, Јелена престана да плаче. Се изми, ја поправи шминката и седна на своето место, а емисијата продолжи“ – додал изворот.