Дистрикт бар и ресторан посветува вечер на совршена комбинација на храна со вина од Винарија Тиквеш

ИЗВОРСкопје24
|

Во потрага по вистинското вино за соодветниот специјалитет, Дистрикт бар и ресторан организира втора вечер на спарување вино и храна, Winemaker dinner series.

Втората вечер на гастрономско уживање ќе се одржи на 11ти април (четврток) со почеток во 20.30 часот. Во светот на извонредните вкусови и уникатните специјалитети, гостите ќе ги предводи Кирил Ставрев, Главниот шеф во Дистрикт, а за моќта на виното да ги поттикне вкусовите на храната, тајните ќе ги откријат енолозите од винарија Тиквеш, Марко Стојаковиќ, Александра Ристова и Никола Кузмановски.

Целта на организирање на ваквите вечери е да се упатат уживателите во тајните на изборот на соодветното вино и на кој начин виното влијае на вкусот на храната и обратно. За таа цел, Главниот шеф Ставрев подготви специјално мени составено од шест специјалитети од различни светски кујни, кои одговараат на вкусовите, сортата и типот на селектираните вина од винарија Тиквеш во консултација со енолозите.

„И храната и виното го нудат најголемото гастрономско уживање, секое посебно, но врвното уживање доаѓа кога ќе бидат споени вистинската храна со соодветното вино. Можеме да уживаме и да се предадеме на вкусот на едното или на другото, можеме дури и да уживаме во среќно избран пар, но додека не ги дознаеме техниките и тајните што се кријат зад парот, не знаеме колку многу пропуштаме. Комбинирањето вино со храна, има моќ да ги истакне, отвори и поттикне вкусовите, затоа треба да знаеме како да го најдеме соодветниот пар на храна и вино“, вели Кирил Ставрев, главен шеф во Дистрикт.

Соодветно на шесте специјалитети влезени во менито, енолозите од Винарија Тиквеш избраа шест вина од нивното Premium портфолио, чии карактеристики совршено се совпаѓаат со вкусовите на храната.

Заради ограничениот број на места, заинтересираните потребно е да резервираат на телефонскиот број 071 238 522.