Македонските јавни личности социјалните мрежи ги користат да ги информираат фановите за своите активности, ангажмани, за своите новитети, настапи…
Исто така тие ги користат и своите профили за да најават нова песна,турнеја,но и да поразговараат со фановите односно следбениците.
Една од опцијата на „Инстаграм стори“ е да може да поставувате прашања и да добиете одговор од корисникот.
Оваа опција или активност ја користат многу познати кога сакаат да ги прашат своите фанови за некои мислење или пак кога имаат слободно време кое го посветуваат на фановите. Така, македонската фолкерка Адријана Кеш деновиве одговараше на прашања на „Инстаграм“.
Еден од фановите ја праша Кеш со колку партнери имала односи, а таа одговори:
„Не е интересно да ти кажам со број…појако ќе биде да ти кажам со име и презиме кога веќе водиш евиденција нека биде како треба“ одговори пејачката.