Нови страници во историјата на медицината: Во Грција родено бебе со две мајки и еден татко!

ИЗВОРСкопје24
|

Момчето тешко 2,9 килограми е родено во вторникот, а лекарите велат дека и’ тоа и мајката се во добра состојба…

Лекарите во Грција и Шпанија создале бебе од три лица за да го решат проблемот на неплодност на една жена, пренесува денес BBC.

Момчето тешко 2,9 килограми е родено во вторникот, а лекарите велат дека и тој и мајката се во добра состојба. Стручњаците се фалат дека „испишале нова страница во историјата на медицината“ кои на неплодните парови, ширум светот, би можеле да им помогнат.

Но, други предупредуваат на етичноста на таа експериментална постапка на оплодување кое вклучивало јајна клетка од мајката, сперма од таткото и уште едно јајценце од жена донор.

Процедурата е развиена за да им се помогне на семејствата со историја на см*тоносни митохондријски болести кои се пренесуваат од мајката на детето.

Досега било испробано во само еден случај, на семејство од Јордан и предизвикало многу контроверзи.

Во средиштето на постапката е мотохондриј – ситен дел од клетка која храната ја претвора во енергија. При болест е оштетен, па комбинацијата од мајчината ДНК и донираниот митохондриј би можеле да спречат настанување на болеста.

Пациентка била 32. годишна Гркинка која минала четири неуспешни циклуси на вештачко оплодување.

Сега е мајка, но синот дел од генетскиот код наследил од донаторката, бидејќи митоходријот има своја сопствена ДНК.

Грчкиот тим соработувал со шпанскиот центар во Embryotools,кој објавил дека во испитувањето учествуваат уште 24. жени и дека осум ембриони се спремни за имплантација, пренесува BBC.