Откако ги загрижи фановите со фотографија објавена на Инстаграм од болнички кревет , Северина денеска уште еднаш им се јави на фановите. Таа во новата објава најави нов спот , што ќе биде објавен во понеделник, на 15 април. Фановите во коментарите изразиле загриженост за нејзината претходна објава од болнички кревњет.
Северина ги смирува дека се е во ред. Нејзиниот портпарол, Давор Гргин за хрватските медиуми изјави дека Северина имала рутинска операција од хернија, што веќе долго време и прави проблеми и има болки. Поради тоа минатото лето дури и откажала некои настапи од силните болки.
„Зафатот помина добро и веќе денеска Северина ќе биде пуштена дома на домашна нега со препорака од докторот да мирува две недели“, рече Гргин.
Пејачката само минатата недела беше во Америка каде, судејќи по фотографиите, добро се забавувала.
Северина на своите обожаватели им покажала фотографии од премиерата на последната сезона на серијата „Игра на тронови“ која била во Њујорк.
Со сопругот Игор Којиќ позирала пред салата, а, исто така, успеала да се фотографира и со една од најпопуларните актерки на денешницата, Емилија Кларк.
„Mother of Dragons“, напишала 46-годишната пејачка покрај фотографијата.
Северина за црвениот тепих облекла краток фустан со светки.
Таа направила драстична промена на фризурата. Северина ја скратила косата до раменици, а од своите фанови добила пофални зборови.