Стефан, синот на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ не сака луѓето да ги оптеретува со грабнувањето кое му се случило пред многу години додека тој бил многу мал.
– Едно време се замислував да снимам филм околу овој наш семеен настан, но се предомислив! Не сакам мојата публика да ја малтретирама со тоа што моите родители сакаат што побргу да забораваат, да избришат од своите мемории. Животот оди понатаму, не треба да се враќаме на лоши работи, да гледаме позитивно, вели младиот Живојиновиќ. Тој пред скоро 30 години беше грабнат, а за возврат бараа наводно над 5 милиони евра од Лепа Брена и Боба Живојиновиќ за да им го вратат детето.
Парите ги добиле, а според пишувањето на хрватските медиуми, примопредавањето на парите се случила наводно некаде на нивната територија во околината на Дубровник. Во моментот додека Боба им ги давал парите на грабнвачите, тие Лепа Брена ја држеле на нишан, велат хрватските новинари. Се зборува дека во тоа учествувале членовите на контровезната српска земунска банда, но вистинските актери од тој настан, никогаш не се разоткриени. Денес возрасниот Стефан е веќе познат пејач, често настапува на концерти со својата мајка Лепа Брена и има многубројни фанови кои редовно го следат на социјални мрежи. Тој на обожавателките за возврат им праќа многу свои слики и тоа најчесто разголени бидејќи себе си се смета за згоден дечко.
– Плукнат згоден сум на тато Боба, вели Стефан. Што велите вие?
Стефан во интервју за „Слободна Далмација“ првпат отворено проговори за животот на висока нога, за уживањето во богатството на славните родители.
– Детството ми изгледаше како да сум во Дизниленд. Мене и на моите браќа никогаш ништо не ни фалеше, секогаш одевме на егзотични патувања, родителите ништо не ни забрануваа, но сите тие привилегии и тоа како моравме да ги оправдуваме со своето однесување – раскажа Стефан.
Тој одлучи да го следи професионалниот пат на мајка си. Пред три месеци ја објави песната „Зло моје невино“ која веќе има милионски прегледи на „јутјуб“, а подготвува и нов рефрен.
– Кога бев дете, мајка ми често ме носеше на нејзините концерти. Бев фасциниран од умешноста со која така лесно ја освојува публиката. Сепак, не барам често совети од нејзе. Сакам да сум свој – откри Живојиновиќ.