Невреме низ Македонија – Какво ќе биде времето викендов?

ИЗВОРСкопје24
|

Продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во попладневните часови.

Прогноза за 13.04.2019
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 14°С до 20°C
Променливо облачно и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 14.04.2019
Минимална температура: 4°C до 9°C
Максимална температура: 13°C до 20°C
Променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и грмежи.

Прогноза за 15.04.2019
Минимална температура: 5°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 18°C
Облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи и засилен ветер.

Ќе имаме пеколно жешко лето – Ел Нињо носи и невреме

Претстојното лето во Македонија но и пошироко на Балканот и во Европа ќе биде особено топло со значително натпросечно високи температури на воздухот и чести продори на топли воздушни бранови кој ќе пробиваат од северните предели на Африка. Ова лето Македонија очекува неколку топлотни бранови со температури кој би се искачиле и над 40°C, анализира Славчо Поповски за 1ТВ.

Сепак ваквата појава е многу нормална за нашиот дел од континентот а сето ова е како што веќе кажавме поради феноменот Ел Нињо кој носи потопло време но и повеќе врнежи. Што се однсува пак до врнежите тие ќе бидат над просекот што значи очекуваме почести дестабилизации на атмосферата проследена со поројни дождови, грмежи, силен ветер како и појава на град а не се исклучува можноста и за локални поројни поплави.

Освен Македонија со многу топли бранови треба да се соочи и регионот како и поголем дел од Европскиот Континент, сепак и покрај ова ќе има повремени продори од север кој ќе условуваат и освежување на времето.