Македонскиот гитарист Влатко Стефановски повеќе не мора да се докажува на сцената, но секогаш сака да го освежи сопствениот звук. Овој пат, изминатиот петок (5 април) во „Лисински“ настапил со Загрепската филхармонија.
Оваа негова посета и концерт ги искористија хрватските медиуми, а порталот „24 сата.хр“ направи мини интервју со нашиот гитарски виртуоз.
„Создавањето музика е магична дисциплина која никогаш нема да ми досади. Заситен сум од нуспојави како патувања, медиуми, гужва, „афтер парти“ и други нешта. Кога нешто важно ме чека, седам пред компјутер и проверувам дали е се’ во ред… Всушност, постојано сум на креативна температура. Пред настап добро се концентрирам, правам мантра, ги проверувам жиците на гитарата. Што се однесува на тремата, нормално е дека ја има, но тоа е онаа позитивната“, вели Стефановски.
Инспирацијата ја добива главно наутро, со кафе и гитара.
„Животот околу мене е инспирација. Главно инспирација добивам наутро, додека не ме развлекол денот. Го користам тој утрински мир, правам кафе и ја земам гитарата во раце. Тоа е чуден процес. По заминувањето на сопругата (пред две години) не издадов нов албум, а кога тоа ќе се случи, ќе видиме која песна сум ѝ ја посветил“, завршува Влатко Стефановски.