Со оглед на тоа што повеќето луѓе работат со полно работно, а неретко остануваат на работа и прекувремено, не е ни чудо што немаат време да му се посветат на својот интимен живот и што немаат кому да му се вратат дома. Од друга страна, насочени сме кон луѓето во наша близина, па не е ни чудо што се’ повеќе парови се запознаваат на работа.
Токму таква случајна и ненадејна љубов ги очекува припадниците на следниве хороскопски знаци…
Рак
Раковите честопати се најдобри во својата работа, одговорни се и организирани, а сакаат и да им бидат на располагање на сите во колективот, па честопати се омилени меѓу колегите. Токму затоа, воопшто не е необично што еден наивен флерт на работното место наскоро може да прерасне во нешто повеќе.
Бик
На амбициозните Бикови работата секогаш им е во прв план. Тие вложуваат многу труд и време во работата, а со оглед на тоа што немаат време да го покажат својот шарм на други места, со задоволство ќе го искористат за да заведат некого на работа и така да го спојат убавото со корисното.
Стрелец
Стрелците се главна атракција во колективот поради својот хумор и позитивна енергија. Неретко се наоѓаат во центарот на вниманието, а наскоро ги очекува и покана за состанок со личност од колективот.