Јана Петровска загуби 500 денари кога отишла да си купува леб. Бидејќи живеела само од социјална помош, која изнесува 2000 денари, одлучила да ги замоли соседите да и помогнат да ги најде. За среќа се нејзините пари се вратени од момче со големо срце, но тој не е единствениот пронаоѓач.
Прочитајте ја нејзината приказна:
„Се враќав од работа и го видов ова ливче залепено на влезот од зградата. Решив да направам добро дело и да и помогнам на госпоѓата со 500 денари, иако јас не сум наоѓачот. Заѕвонив на вратата, ми отвори стара бабичка, а кога и ги подадов парите одби да ги земе. Со солзи во очите ми раскажа дека излегла да си купи леб и на касата парите и ги немало. Веројатно и испаднале кога ја заклучувала вратата. Излезе дека во последните неколку часа јас сум шестиот „чесен пронаоѓач“ од соседите кој ги нашол „нејзините пари“, пренесе порталот Мотика.
Горд сум што во Македонија сеуште има чесни луѓе.
Наставникот немал добиено плата два месеци, учениците разбрале и му приредиле незаборавно изненадување (Инспиративно видео)
Не е убаво чувството кога човек се труди да ја одработи својата работа, а на крајот да не добие плата.
Младиот бразилски професор Бруно Рафаел Паива не добил плата 2 месеци, морал да спие во училиштето затоа што немал пари да плати кирија.
Кога учениците дознале за неговиот проблем, самите собрале околу 150 бразилски реали (околу 2200 денари) и го наградиле наставникот со “плата”.
Koга сфатил што се случува, Бруно се расплакал пред својот клас. Следувало групно гушкање, а видеото кое ќе го погледнете се прошири низ велиот свет.