Дури од среда може да се очекува стабилност на времето кое деновиве е претежно нестабилно со дождови.
Ова станува јасно од најавената временска прогноза која и денеска не ветува баш добро време.
Локален пороен дожд и грмежи ќе ги зафатат претежно западните и јужните делови на земјава.
Максималната дневна температура ќе достигне 19 степени.
Нестабилното време ќе надвисне и над Скопје каде се очекува максимална дневна температура до 17 степени.
Викендов нема да биде погоден за надвор ако не сте баш љубители на дождот.