Најпознатиот индиски мислител и јога учител, одговара на прашањето која е најважната работа во вашиот живот

ИЗВОРСкопје24
|

Која е најважната рбаота во вашиот живот? Токму сега. Вие сте живи, зар не? Често ми велат, Садхгуру, имам милиони рупиии во џебот, не знам што да правам? Добро, и тоа е важно. Но што е најважно во овој момент? Вие сте живи!

Затоа што сте живи, вашите пари се битни, вашето семејство е битно, вашата татковина е битна, многу работи околу вас е битни, само затоа што сте живи. Токму сега. И тоа е најважната работа.

Да претпоставиме дека утре наутро ќе се разбудите… знаете дека секој ден четврт милион луѓе на оваа планета умираат. Четврт милион луѓе умираат, ама вие не сте умреле. Утре наутро се будите. Проверувм. Дали сум жив? Ако сте живи, дали ќе си подарите една голема насмевка? Ако не сте живи, во ред, нека ви е извинето. Но ако сте живи ќе си подарите насмевка?

Ако четврт милион луѓе умираат, најмалку 2-3 милиони изгубиле некој кој им е драг. Затоа, кога ќе станете, проверете дали се живи тие што ви се драги и ако се, подарете си уште една голема насмевка.

Потоа проверете го времето. Веќе е 11 и 30, а вие уште сте живи. Ова не е шега, Тоа што чука овде, тоа не е часовник, тоа е отчукувањето на вашиот живот кој си оди.

Доаѓа 12 часот, и вие уште сте живи. Ветете ми, секогаш кога ќе погледнете на часовникот, подарете си голема насмевка. Под услов да сте живи, ако не сте, тогаш простено ви е што нема насмевка.

Многу луѓе одат по улица како да се мртовци. Како да вежбаат за времето кога ќе умрат. Нема потреба да се вежба тоа. Кога ќе дојде – БУМ 100 проценти. Никој досега не умрел неефикасно. Луѓето живеат неефикасно, но смртта не е неефикасна. Затоа ветете ми, секогаш кога ќе погледнете во часовникот, насмевнете се – тука сум, уште сум тука!