Во редот на најдобрите пејачки на македонската сцена може со сигурност да се вбројат сестрите Тамара Тодевска и Тијана Дапчевиќ.
Оваа година Тамара ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Тел Авив, со песната „Proud“.
И двете пејачки се актуелни на социјалните мрежи и ги информираат своите следбеници за нивните активности.
Така, Дапчевиќ ги извести фановите дека деновиве е во Амстердам заедно со својот сопруг од каде што редовно објавува фотографии.
Од друга страна, таа најде време и за своите фанови и да им одговара на прашања.
Еден од фановите во кратките приказни на „Инстаграм“ ја праша Тијана кој подобро пее, таа или Тамара.
На ова прашање Дапчевиќ сподели видео од неа и нејзината сестра како ја пеат песната „To the sky“, а во описот напиша:
„Не знам, еве ти процени“.
Вистина.мк