Веста дека пејачката и членот на жирито на „Ѕвездите на гранд“ Вики Миљковиќ се подновила со луксузен стан одекна со брзина на светлината во сите медиуми.
Но нај интересно е тоа што станот не е обичен, туку составен од три стана и се наоѓа во луксузниот дел на Белград наречен „Белград на вода“.
По оваа вест многумина се прашуваа од каде толку финансиски средства има пејачката и дали таа важи за една од топ 10 најпознати пејачки на домашната естрада.
Сепак по сите шпекулации пејачката објави фотографија од својот нов дом со поглед од „милион долари“, но на фотографијата фановите веднаш ги забележаа и нејзините гради кои едвај ги додржа во деколтето, погледнете.
Во емисијата „Ѕвездите на Гранд“ често имаме прилика да гледаме кавги меѓу членовите на жирито, посебно меѓу Вики Миљковиќ и Јелена Карлеуша.
Вики неколку пати истакна дека мисли дека останатите членови на жирито имаат нешто против неа, а на последното снимање ситуацијата ескалирала.
Како што пренесува „Скандал“ на последното снимање на „Ѕвездите на Гранд“ жирито ја изнервирале Вики што таа во солзи го напуштила студиото.
Меѓутоа, молбите на фолкерката останале неисполнети, па кавгата станала жестока и Миљковиќ истрачала во солзи, а снимањето било прекинато.
Сепак, кога Миљковиќ се смирила снимањето продолжило.