Емина Јаховиќ одлучи да направи промена во изгледот по раскинувањето на љубовната врска со турскиот бизнисмен Садетин Саран. Популарната пејачка ја скрати косата и ја офарба, а со промената се пофали на својот инстаграм-профил. Новиот изглед на Емина предизвика голем број коментари…
„Тебе се’ ти прилега убаво…“, „Кукла“, „Прекрасна“, „Вау“, се само некои од комплиментите што ги предизвика промената на Емина.
Емина Јаховиќ се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал, но нивниот однос денеска е како да се брат и сестра и нема никаква зла крв меѓу нив, и тоа поради нивните синови.
Емина истакнува дека среќата на нејзините синови и е најважна во животот и затоа се труди да ги сочува добрите односи со поранешниот сопруг, Мустафа.
„Мустафа и јас имаме заеднички интерес, а тоа се нашите деца. Не смееме да направиме нешто што би можело да ги повреди нашите деца. Ние се уште сме млади луѓе и можеме да имаме партнери во животот, но тоа мора да биде одмерено и паметно. Важно е нашите деца еден ден да се гордеат со нас“ – нагласува Емина.
Емина се осврна и на неславното раскинување со турскиот бизнисмен Садетин Саран.
„Маж може да ме освои со искреност и убава енергија. Јас сум жена која не бара многу, која всушност се може сама. Мене маж не ми е потребен за да преживеам, за да стојам на свои нозе, јас сето тоа го можам сама. Едноставно, потребно е да биде само другар“ – рекла самоуверено Емина.