Лепа Брена го возвраќа ударот: Саша Поповиќ ја „прозва“ дека пеела за 100 динари

ИЗВОРСкопје24
|

Саша Поповиќ крена голем прав со изјавата дека ја извлекол Лепа Брена од беда. Во таа пригода, директорот на „Гранд“ откри дека пред влегувањето во неговата група „Слатки грех“ Брена пеела за „100 динари“, возела распаднат автомобил и дошла во Белград со куфер заврзан со јаже.

„Се разбира дека не е вистина тоа што го кажа Саша“, рече Брена во почеток на разговорот со „Стори“, и додаде:

„Во тоа време јас студирав шест месеци, а потоа дојде Саша да ме праша дали сакам да бидам дел од групата. Кога го виде татко ми, Сале имаше 45 кг сосе кревет и вратовска како палачинка околу вратот и некој костум. На тато не му изгледаше сериозно. Му беше несериозно да работам во некој таков бенд, така што не веруваше во тоа и едвај ми дозволи да работам со ‘Слатки грех’. Сепак, јас бев среќна што не го избрка од дома“, раскажа Брена.

Лепа Брена прошета во Загреб стилизирана како никогаш порано. Елегантните фустани и здолништа, популарната пејачка овојпат ги замени со панталони, лежерно сако и со бела маичка, а особено впечатливи се и патиките кои ги вклопила во аутфитот.

Околу струкот носела ташна со синџирчиња, а погледот го криела зад еднакво модерни очила.

Со тренди стајлинот кој го презентираше во главниот град на Хрватска ги воодушеви сите, и ретко кој би можел да и парира.

Таа неодамна стана баба на внукот Александар, кој го доби од својот посинок Филип и снаата Александра, очигледно сето ова и годеше уште повеќе со оглед на изгледот кој го имаме на фотографијата.