Откако почнав да се занимавам со политика, преку ноќ им станав поубав на девојките, сподели кандидатот за претседател поддржан од СДСМ и останати триесетина партии, Стево Пендаровски.
Тој во гостувањето на емисијата “Еден на еден”, одговараше на неполитички прашања поврзани со приватниот живот.
– Во 1996 година за првпат се појавив на државната телевизија, тогаш и немаше многу приватни. Тоа беа почетоците кога влегував во политичкиот живот. За жал, тогаш нагло станав популарен кај девојките – одговори Пендаровски на прашања поврзани со неговата младост.
Претходно, на вакви прашања одговараше и противкандидатката Гордана Силјаноска Давкова.
Пендаровски читаше и хумористични твитови поврзани со него.
– Лесно е да ја гураш Македонија напред, кога веќе поседуваш југо -, беше еден од твитовите.
Ваквите реакции доаѓаат по повод имотниот лист на Пендаровски на кој пишува дека на свое име пријавил моторно возило Југо темпо кое се проценува на 1000 евра и е старо 20 години.
На име на брачен другар Пендаровски, со кој СДСМ и ДУИ ќе трчаат на избори против ВМРО ДПМНЕ и Силјановска пријавил Рено Меган во вредност од 360 000 денари.