Горда мама: Ќерката на Наум, Анастасија Петреска за првпат го покажа бебето (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската естрадна брачна двојка, Анастасија Петреска и Владимир Поповски пред месец и половина добија нова животна улога- станаа родители.

Бебенцето доби модерно име кое и го дадоа мама и тато, а одлуката била малата принцеза да се вика Андреа.

Инаку, целата бременост на пејачката помина без многу помпа околу покажувањето на трудничкото стомаче, па од пејачката не видовме ниту еден таков момент од нејзините труднички денови.

Случајот не многу се промени и откако нејзината наследничка дојде на свет. Имено, гордата мама за промена реши да објави една фотографија на својот профил како го држи своето најголемо богатство во рацете. Сепак, лицето на бебенцето го сокри со едно срценце, не сакајќи да ја покажува целосно.

За потсетување, Анастасија и Владимир се свршија на почетокот од 2018 годината, односно во месец јануари додека беа на зимување во Бугарија.

Извор: Вистина.мк